Услуги

Преселбата не мора да биде стресен процес кој ќе ви одземе многу време, планирање и ресурси. Затоа создадовме услуга базирана на врвна професионалност и првокласна грижа за Вас. Ултра брза и безбедна преселба на домови и деловни простории, без ризик за оштетување на предметите и околината во процесот на селење.

Уредно спакувани предмети, специјална опрема за транспорт и супериорен тим од обучени професионалци, се нашата гаранција дека целиот процес ќе тече совршено.

ПАКУВАЊЕ И ЗАШТИТА

Пакетирањето е една од иритирачките задачи за време на преселбата што не може да се избегне.  Затоа ви нудиме целосна понуда која ги опфаќа сите услуги во процесот на селење. Пакетирање на сите работи, товарење во камионот, достава до нова локација, растовар и монтажа според упатствата. Оваа ви нуди душевен мир и скратува главоболки при преселбата.

ПРЕСЕЛБА НА ДОМОВИ

Кога станува збор за преселба во станови овде ангажманот дополнително вклучува скали, лифтови и предизвикувачки барања за паркирање на товарното возило. Нашита екипа на искусни работници им помогаат на клиентите да се преселат во нивниот нов дом без мака.

ПРЕСЕЛБА НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ

Нема ништо покомплицирано и потешко од преместување на целиот тим вработени и преместување на опрема со висока вредност, електроника или машини. Нашиот тим за вакви видови на преселби нуди целосна услуга – од пакување на сите предмети, инвентар и архива за вас, демонтажа, товарање, истовар, распакување и монтажа си гаранција дека нема да има шети при транспортот.

ТРАНСПОРТ, ТОВАР И ИСТОВАР

Вршиме транспорт како и пренесување на вашите предмети со специjални возила за таа намена така што тие се максимално безбедни и сигурни. Опремени сме со потребната опрема за ефикасен и сигурен транспорт на вашите предмети.

Воедно посветуваме посебно внимание на специфичните предмети, како што се пијано, уметнички дела, сефови, каси и други работи за кои е потребна поголема грижа.

DORA КОЛИЧКА

Запознајте го нашиот нов најиновативен член во тимот кој ја извршува тешката работа. Количката има капацитет да товари до 800 килограми и е изработена од тешка челична конструкција која е идеална за пренесување на големи предмети како сефови, котли, топлински пумпи, опрема за лифт или какво било каков друг потежок предмет. Исто така се создава безбедна работна околина и максимална заштитата на предметот, држејќи го под контрола за време на пренесувањето. 

МОНТАЖА И ДЕМОНТАЖА

Доколку имате предмети кои се преголеми за безбеден транспорт, ние ги демонтираме.
По селењето на предметите до новата локација, повторно ги составуваме и враќање во првобитна состојба.
Наша специјалност се демонатажа и монтажа на кујни, плакари, шкафови, полици од сите големини и видови, сите видови на кревети, маси, деловен мебел и предмети и машини кои се неопходни потребни за нормално работење на компаниите.